КАДЕ СЕ НАЈВИСОКИТЕ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА!

Државниот завод за статистика пресмета раст на примањата во земјава за 7% за една година, и сега просечна плата изнесува над 27.500 денари.

Кои се најплатените професии кои носат најголема заработувачка во Македонија? Повторно на пиадесталот најплатени професии се вработените во дејноста компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности – нивната просечна плата во ноември била 66.556 денари или 1082 евра.

Веднаш по нив се вработените во информации и комуникации кои во ноември просечно земале зе 49.824 денари или 810 евра, а на трето место се вработените во воздухопловниот транспорт, каде просечно земале 49.144 или 799 евра.

Вадење на руди и камен е сектор со просечна плата од 40.288 денари или 655 евра, а 46.607 денари или 758 евра земаат во производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати.

Во финансиско-услужни дејности, освен осигурување и пензиски фондови имаат плати во висина од 43.231 денар или 703 евра.

Во дејности за здравствена заштита  просечната нето плата според Државниот завод за статистика изнесувала 36.304 денари или 590 евра.

Македонскиот работник во просек зема 453 евра, а за споредба со Словенија, таму просечната плата изнесува 1328 евра. Во Хрватска е 890 евра, Босна и Херцеговина 490 евра а во Србија 513 евра.

Извор: пари.ком.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *