ВМРО-ДМНЕ : ПАРТИЗИРАНО И ПРИВАТИЗИРАНО ОБРАЗОВАНИЕ

Образованието го партизиравте, уназадивте и без срам зборувате, заборавајќи притоа, дека не сте во состојба да обезбедите основни услови за реализација на воспитно-образовниот процес, да ги донесете учениците во училиштата. За какви реформи и дуално образование зборувате кога Деловната заедница три години упорно согледува дека водите целосно промашени образовни политики и не правите ништо за усогласување на профилите до потребите на пазарот на трудот. Единствено, заслужувате “пофалби” за непотизмот, партизацијата, а во Битола и приватизацијата на образованието. Си ги вработивте браќата, сестрите, роднините, а родените снаи ги поставивте директорки. За да бидеме појасни, првиот чекор во сферата образование на Наташа Петровска беше вработувањето на нејзиниот брат, а на сегашнава заменичка во ресорот образование, малку беше што таа стана директорка, туку и нејзината снаа за брат ја постави за директор во Горната гимназија. СДСМ и оваа Влада, пропуштија три години да направат макар и еден најмал чекор во реформирањето на оваа сфера, подобрувањето на воспитно-образовниот процес во целина и градење ефективен и ефикасен образовен систем. Почитувани, освен популистички пристап, голо политиканство, флоскули и крадени концепти и идеи и ништо друго немавте и немате. Вашите најголеми достигнувања во образованието се укинување на екстерното и партизацијата. Запамтете, не може да се води образование без јасен концепт, без стратегија и прецизни рокови. Визијата за образованието, мора да се стреми кон оспособување граѓани кои самостојно мислат, одговорно донесуваат одлуки, лесно соработуваат со другите и способни се сами да го планираат и градат својот натамошен развој. Основните начела на кои се темелат сите промени и чекори се првенствено човековите права и верското убедување, почитување на индивидуалноста, можностите и потребите на оние што учат, соодветност, отвореност кон практиката и врамнотеженост на курикулумите, интердисциплинарност, почитување на националниот идентитет и развој на европска димензија, разновидност на комуникацијата, формите и методите на учење. Сето ова, Вие, за жал го изгубивте од вид. Воспитно – образовниот процес го определуваат новите научни откритија, новите технологии и облици на комуникации, широкиот сеопфатен процес на глобализација, а не помалку важно е и времето на испреплетени, разновидни и променливи вредности, кои треба да се темелат на традицијата, културата и континуитетот. А, за ова пак, не само што немате поим, туку едноставно е надвор од вашата грешно конструирана матрица на размислување. Македонија, единствено може да Ви биде благодарна, што многу работи од планираните – ветуваните, барем во образование не ги реализиравте, затоа што сигурна сум хаосот ќе беше уште поголем, а последиците пострашни и несогледливи. ВМРО ДПМНЕ знае како да пристапи сериозно, стручно и без колебање во обнова на образованието и системот кој што вие до темел го урнисавте. Заедно, на 12 април, за обновено, модерно, европско, ефикасно и ефективно образование!

ОК ВМРО ДПМНЕ Битола

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *