ШЕФИЦАТА НА ММФ ИМ ПОРАЧУВА НА ВЛАДИТЕ: „Потрошете колку што можете повеќе, а потоа потрошете уште малку повеќе“

Креаторите на политиката ширум светот треба безрезервно да прифаќаат зголемување на трошоците за да помогнат во заживување на нивните руинирани економии.

Ова денеска го соопшти шефот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Гергиева, на рускиот годишен економски форум Гајдар.

Извршната директорка на ММФ не даде никакви конкретни економски предвидувања, но јасно стави до знаење дека сака владите да ги зголемат трошоците и повтори дека меѓународно синхронизиран пристап кон решавање на проблемот е најдобар за раст, пренесува Ројтерс.

„Во 2020 година, ММФ обезбеди финансиска поддршка за 83 земји“, рече Георгиева.

Таа додаде дека од аспект на сегашната политика, апелира до земјите да трошат повеќе, што е многу невообичаено за ММФ.

“Потрошете колку што можете повеќе, а потоа трошете малку повеќе. Јас продолжувам да се залагам за прилагодување на монетарните и фискалните мерки што ги штитат економиите од колапс во време кога имаме причина да ги ограничуваме и производството и потрошувачката на населението”, рече шефицата на ММФ.

Георгиева го пофали синхронизираниот одговор на Русија на економските предизвици поставени од пандемијата „Ковид 19“, споменувајќи во тој контекст монетарното олеснување на централната банка и фискалниот стимул на Министерството за финансии.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *