Почина познатиот банкар Бенџамин Ротшилд

Познатиот банкар и претседател на „Групацијата Едмонд де Ротшилд“, баронот Бенјамин Ротшилд почина од срцев удар на 57-годишна возраст.

Синот на Едмонд Ротшилд, човек кој до својата смрт важеше за најбогат член на ова моќно банкарско семејство, почина во Швајцарија.

Неговото семејство соопшти дека тој починал во неговиот дом во петокот. Банкарот ги помина последните денови во Шато де Прегни, познат и како замокот Ротшилд, близу Женевското езеро.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *