ВЕШТАЧКО СРЦЕ НА ПРОДАЖБА, СЕ ЗНАЕ И ЦЕНАТА

Француската компанија Карма започна со производство на вештачко срце, кое ќе се најде на продажба.

По долго чекање за дозвола на Европската комисија, конечно ќе започне масовно производство на вештачки срца. Овој пронајдок ќе им биде од голема помош на срцевите пациенти и ќе биде алтернатива на донираните органи.

Стефан Пјат од компанијата Карма изјави дека идејата за производство на вештачко срце е стара скоро 30 години.

“Вештачкото срце функционира физиолошки како вистинско срце. Пулсира, компатибилно е со крв и како пронајдок претставува ново поглавје во развојот на нашата компанија”, рече Пјат.

Вештачко срце со батерија чини 180.000 долари, а како што вели производителот, дизајнирано е така што со години може да го замени вистинското човечко срце.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *