Денес снег, за викендот поларни температури

Од УХМР за денеска најавуваат снег и снежна покривка во поголемиот дел од државата. Според најавите во попладневните часови ни претстојат врнежи од снег, кои во вечерните часови ќе се прошират насекаде, со тоа што во западните делови од земјата ќе бидат позастапени и пообилни, а на јужните подрачја ќе има врнежи и од дожд.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи во поголемиот дел од земјата ќе се формира снежна покривка, во попладневните часови и во главниот град, а минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8 степени.

Од утре ќе преовладува претежно суво и многу студено време, кое ќе продолжи и во текот на викендите и во почетокот на наредната седмица кога и дневните температури во поголем дел од земјава ќе бидат под нулата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *