Милевски: Реализација на модерен ски центар

На нашето прашање за визијата и очекувањата во новата година, министерот Горан Милевски ни ја прати следната порака:

Во новата година прво што очекувам е постепено излегување од здравствената криза и враќање во нормала на животот на граѓаните.
Во однос на работата на министерството кое го водам во новата година ќе го започнеме процесот на зголемување на ингеренции на општините кој процес не е поместен повеќе од 15 години. Во изминатиот период ги затворивме прашањата поврзани со регионалниот развој на државата припремајќи ги новата 10 годишна Стратегија 2020-2030 за регионален развој и новиот Закон за рамномерен регионален развој преку кои се овозможуваат законски можности за забрзан развој и намалување на диспаритетите на планските региони.
Тоа ни овозможи целокупната енергија во 2021 година да ја насочиме кон зголемување на надлежности на општините и зголемена децентрализација.
За Битола ќе работиме на реализирање на децениската желба на битолчани, а тоа е модерен ски центар Пелистер. Зад оваа иницијатива застана и премиерот и се надевам дека 2021 ќе започнеме со реализација на овој проект кој ќе ја подобри туристичката понуда на Битола, ќе донесе повеќе туристи од што бенефит ќе имаат и угостителството, трговијата и другите сектори во Битола.
Припремаме и други проекти кои во овој момент не би сакал да ги споменувам, се додека не ги финализираме подготовките за истите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *