Леон Стефановски: УНЕСКО со шлаканица до Шекеринска и власта!

По извештајот на УНЕСКО во кои за жал имаше само негативни коментари за начинот на одржување на статусот на природните богатства во Охрид, многумина упатија јавни критики до власта но и до носителот на изборната единица 5 од редовите на СДСМ, сегашната министерка за одбрана Радмила Шекеринска.

Со критика се јави и Леон Стефановски:

„Што ќе каже сега Радмила Шекеринска во врска со шлаканицата на УНЕСКО поради негрижата спрема Охрид и охридското езеро која е видлива во извештајот во кој ни најмалку нема добри вести. Во него се нотираат бројни забелешки поради кои езерото може да се најде на листата на светско наследство во опасност. Овој извештај треба да биде аларам, а не нешто кое власта, и Радмила Шекеринска како човек од ИЕ5 повторно ќе го преспијат и пред избори ќе пробуваат со манипулативни говори, политичка манипулација и празни флоскули да добиваат гласови. Во извештајот меѓу другото стои дека во последните три години не само што не се преземени чекори за да се подобри состојбата, туку УНЕСКО, во својот најкритички извештај досега, забележува дека продолжува развивањето проекти со кои дополнително се загрозува ова заштитено подрачје, а евидентнo е и дека регионот е високо ранлив поради значајни проблеми со менаџирањето и слабото спроведување на законската рамка. Тоа покажува уште една слабост и незаинтересираност, тоа укажува на заинтересираност за Охрид, охриѓани и природните богатства на градот само тогаш кога се потребни гласови. Но тоа повеќе нема да помине! Вложеност и работа за зачувување на статусот сега, за да не биде предоцна!

Затоа јавно апелирам, владата и госпоѓата Шекеринска веднаш да превземат конкуренти мерки и да ја затегнат локалната власт во Охрид. И веднаш да преминат на реализација на главните барања на УНЕСКО кои се најдоа во извештајот, а тоа се:

• Отстранување на дивопоставените објекти долж брегот на езерото и во заштитеното подрачје на градот,
• целосна забрана за градба,
• усогласување на урбанистичките планови со Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион,
• заштита на старата градска архитектура,
• отстранување на урбаната опрема околу значајните знаменитости во градот
• Реконструкција на пешачката патека која го поврзува каналот „Студенчишта“ со „Горица 1“

Забелешките се однесуваат на прекумерната и неконтролирана урбанизација, бавноста во справувањето со дивоградбите, како на крајбрежјето така и во заштитеното градско подрачје, но и дерогирање на животната средина, нефункционалниот колектор, отсуството депонија за цврст отпад.

Охрид сега!
Охридското богатство мора да остане зачувано, и мора да остане светско богатство!
Охриѓани заслужуваат сигурност, Охрид заслужува повеќе!” – напиша тој на својот фејсбук профил

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *