Захариева: Џабе се надеваат во Македонија, по изборите може да биде и полошо

Позицијата на бугарскиот парламент за Северна Македонија е едно од чудата, бидејќи е толку ретко да бидеме едногласни за било што. И бугарското општество и бугарските партии имаат многу сличен став на оваа тема. Затоа, изборите – се една од нивните заблуди, порача денес шефицата на бугарската дишпломатија Екатерина Захариева сугерирајјќи дека џабе се надеваме дека по изборите нешто ќе се смени вџо однос на спорот со нашата држава.
Таа беше категорична дека таквите очекувања кај нас се апсолутно погрешни.
-Идејата дека нешто ќе се промени по изборите во нашата земја е погрешна. Ако нешто се смени, тоа ќе биде полошо за нив, нагласи Захариева.
Според неа, нема ништо тајно на состанокот со специјалниот пратеник Владо Бучковски. Ние сме отворени.
-Се движиме според договорот. Еден од предусловите да се направи нешто и да се започне разумно да се работи за решавање на проблемите е да се намалат емоциите. Колку повеќе зборуваме без емоции, толку повеќе шанси имаме да ја завршиме работата, додаде таа.
Таа нагласи дека јазикот е една од заблудите што PCM се обидува да ги всади.
-Ние сакаме да ги надминеме стереотипите од минатото, да престанат да образуваат и да создаваат нација заснована на антибугаризам, да ставиме крај на јазикот на омраза, да ставиме крај на образованието на омраза кон бугарскиот јазик. Тоа го сакаме, ништо толку комплицирано според мене, но очигледно многу комплицирано според нив, рече Захариева.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *