ВМРО-ДПМНЕ: Комисијата за проценка на штета си зеде паушали, а поплавените битолчани не !

РЕАКЦИЈА НА ОК ВМРО-ДПМНЕ – БИТОЛА ПО ПОВОД ПРЕС КОНФРЕНЦИЈА НА СДСМ ЗА ТРАНСПАРЕНТНОСТА НА ОПШТИНА БИТОЛА :

Почитувани,
Институциите на системот работат транспарентно кога овозможуват засегнатите страни и пред се јавноста да има навремен пристап до информациите кои ги креираат овие институции.
Какво однесување една институција како општината ќе продуцира во јавноста, во голема мера зависи и дали на време ги завршила обврските кон граѓаните.
А дури потоа и колку ќе им го подобри животот на битолчани во конкретниов случај.
Тука забележуваме дали создале транспарентно услови за нови странски инвестиции за задржување на нашето младо и работоспособно население.
Уште со доаѓање на власт ја изгубивте довербата на битолчани. Јасни се вашите намери.
Може да се пофалите со вашата НЕтранспарентност, пристрасност кон поединци за што говорат и посочуваат многу факти.
Свежо ни е сеќавањето од вчерашните поплавени улици, неисчистени шахти и лоша инфраструктура.
Сето тоа не потсети на сеуште неисплатените штети од поплавите од јули минатата година.
Важно општинската комисијата за штети во состав:
Александар Цуцуловски,
Митре Стојановски,
Стефче Митревски,
Елизабета Колевска и
Марјан Јовановски ги доби своите паушали.
Да не зборуваме за конкурсот за велосипеди,итн.

Срамно и жално е да се лажат битолчани.

ТРАНСПАРЕНТНОСТ … тоа е ваша лоша страна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *