Турција заработи 2 милијарди од извоз на лешници

Турција во 2020 година извезла вкупно 280.924 илјади тони лешници и со тоа остварила приход од речиси 2 милијарди долари. Турција е најголемиот извозник на лешници остварила приход од 732.8 милиони долари во периодот од септември до декември минатата година пренесува анадолу агенција.

Според податоците на здружените извозници на лешници во регионот околу црното море бројката за 4 месечен период паднала за 32.7 проценти во однос на истиот период претходната година.

Околу 70% од лешниците во Турција се извезуваат во земјите членки на Европската унија.

Во последните години се забележува пораз на извозот на лешници од Турција кон кинескиот пазар.

За жал кај нас немаме официјални информации ниту колку се произведува ниту колку се увезува или извезува.

Во последно време има доста Земјоделци кои што подигнаа нови насади со лешници но за жал нема ниткаков организиран откуп ниту пак сигурен пласман

Еве наша мала помош доколку некој сака лешници може да го контактира членот на zemjodelie.mk grupata и да си набави тазе македонски лешници.

турција
Лешници произведени во Македонија

За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

Само Рурално

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *