Каракачанов: Со таков дивјачки менталитет во Македонија, разговорите се губење време

Бугарија има јасна позиција и крајно време е Скопје да ги чита одлуките на бугарскиот Парламент. Бучковски е добронамерен човек со политичко искуство, и не случајно е избран за таков преговарач, изјави денеска бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов, најавувајќи ја средбата со Владо Бучковски во Софија.

– Но мислам дека властите во Скопје го користат. Едноставно го користат за да се демонстрира добра волја. Тој има добра волја, но јас мислам дека кај тие што го испраќаат нема добра волја. Зашто за 3,5 години не направија ништо и сега се надеваат на компромис од бугарска страна. А тоа нема да се случи, изјави за медиумите Каракачанов, пренесува порталот МКД.

Каракачанов натаму додава:

– Сѐ додека отвориш учебник по историја во С. Македонија и во него пишува дека ние Бугарите сме окупатори, фашисти, татари, разговор не може да има. Така мислам јас, изјави бугарскиот вицепремиер.

Каракачанов во продолжение се задржа на идентотетот „создаден од Тито“:

– Имаш право да го заштитуваш својот идентитет таков каков што е од тогаш од кога е појавен, а не крадејќи туѓа историја да си создаваш лажен идентитет и да велиш „не е европски да се противите да имаме свој идентитет“. Вие си имате идентитет создаден од Јосип Броз Тито и од Коминтерната, заштитувајте си го и никој не ви посега по него, но Цар Самоил е бугарски цар и не војувал против Бугарија како што пишува во вашите учебници. Ние Бугарите не сме фашисти, окупатори и старо монголско племе. Уште зборуваме без преведувач. Зборуваме на еден ист јазик ист. Така што додека таму има јазик на омраза, додека некој смета дека ќе се користат странски фактори да ја притискаат Бугарија или ситуацијата во Бугарија ќе се промени со евентуална смена на владата нема смисла да разговараме, мислам дека е губење на време, рече Каракачанов.

Тој пред новинарите потсети и дека португалскиот министер за надворешни работи кажал дека проблемите не се меѓу Бугарија и Македонија, туку меѓу ЕУ и С. Македонија:

– Нивната тактика е многу проста, демонстрираат и имитираат активност, испраќајќи го Бучковски, давајќи изјави дека се спремни за преговори, а во исто време луѓето кои имаат бугарска свест во Македонија се подложени на притисок, вклучително луѓето кои имаат бугарско државјанство и возат автомобили со бугарски таблички. Ги запираат, им прават контроли, им пишуваат глоби, некои луѓе се преместуваат на полоша работа… се прават списоци на луѓе кои се изјаснуваат како Бугари, а еден државен службеник дури рече тие да се екстрадираат во Бугарија. Таму има див менталитет од 19 век и не гледам основа да се очекува напредок, обвинува Каракачанов.

Според него, тактиката на Македонија е да се дочека словенечкото претседателство со ЕУ за да се изврши притисок врз Бугарија.

– Ги лаже умот, бидејќи ние во Бугарија сме поделени за сѐ и сешто, вклучувајќи и за коронавирусот, но за Македонија 84 отсто луѓето сметаат дека компромис не треба да се прави. Не гледам кој политичар, дали од сегашната влада или од оние кои си ги пеглаат панталоните за во новата влада ќе направи таков компромис. Подобро е да седнат чесно и да разговараат, да не ги користат песните од југословенските вечеринки. Стопати сум кажал, за жал не ме разбираат. Проблемот не е наш, политиката на раководството во Скопје го создава проблемот, рече Каракачанов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *