ХЕРОЈ – МАКЕДОНЕЦОТ ЈОВИЦА СПАСИ 15-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ БЕЗ ЗНАЦИ НА ЖИВОТ ВО САРАНДА

Болничарот Јовица Ѓоргиев, вработен во Итната медицинска помош во Скопје, во текот на вчерашниот ден успешно реанимирал 15-годишно девојче на плажата во Саранда, соседна Албанија, откако давеничката без знаци на живот била извлечена од морето.

За немилиот инцидент Јовица на својот профил на Фејсбук пишува како успеал да го спаси девојчето, по што било предадено на медецинската екипа од болницата во Саранда.

-Во бесознание и циенотични усни со добар пулс и она што ни е вродено на сите вработени во И.М.П.-СК, да дадеме прва помош на такво лице, пристапив по протоколите за давање прва помош на давеници што сме ги давале и со нашите обуки во Брза Помош го реанимирав, девојчето поврати вода и ја доби бојата на лицето како на здрав човек, пишува болничарот Јовица на својот профил на Фејсбук.

https://www.facebook.com/100020468805526/posts/785964292095857/?d=n

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *