Бројот на новозаразени од Ковид-19 во светот за една недела скокна 12 проценти, експертите загрижени

Објавено

ОдМакфакс

Повеќе од 3,4 милиони случаи на коронавирус и 56.000 смртни случаи се регистрирани во светот минатата недела, соопшти Светската здравствена организација во неделниот билтен објавен рано утрово во Женева. Бројките, според експертите, претставуваат зголемување од 12 проценти во споредба со претходната недела.

„Вкупниот број на новозаразени случаи за периодот од 12 до 18 јули е 3,4 милиони, што е зголемување од 12 проценти во споредба со минатата недела“, наведе СЗО.

Починаа 56.000 пациенти, што е зголемување за еден процент во споредба со минатата недела, се додава во извештајот, пренесуваат агенциите

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *