Новиот потпорен ѕид ја заштити, пумпната станица на Водовод – Битола од поплавување (Видео)

Обилните врнежи од дожд во Битола предизвикаа сериозни проблеми кај новиот потпорен ѕид кај пумпната станица на Водовод – Битола од поплавување, еден од стратешките објекти во Битола и околината. Екипите на сите битолски јавни претпријатија се на терен и интервенрираат со механизација. Еден од поголемите проблеми, кој веќе е саниран се создаде на ободниот канал, кој се излеа над населбата Ремо. Поради одредени физички препреки, беше попречено слободното движење на водата. Препреките се отстранети и веќе нема прелевање кај населбата БЛР1.

„Голем проблем има на дел од реката Драгор, кај пумпната станица на Водовод. Поради силниот налет на вода откинат е еден дел од брегот. За среќа голема помош во заштитата на оваа локација има новоизградениот заштитен ѕид кај пумпната станица на Водовод.

Екипите на јавните претпријатија предводени од КЈП Водовод- Битола, работат на санирање на последиците и затрупување со песок на откинатиот дел. Екипите на ЈП Комуналец се на терен во Острец, за санација на локалниот пат. Поплави има и во Породин, а таму се испратени екипи со механизација на ЈП Стрежево“, рече при увидот на терен градоначалничката Наташа Петровска, која воедно е и претседател на Општинскиот кризен штаб.

Екипите на битолските јавни претпријатија, по јавувања од граѓани, интервенирале и во домови, каде биле поплавени подрумски простории.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *