Светот не успева да се справи со пандемијата, до крајот на ОИ ќе умрат уште 100.000 луѓе

Првиот човек на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејсус со сериозно предупредување пред почетокот на Олимписките игри во Токио.  Според СЗО најмалку уште 100.000 луѓе ќе умрат од корона вирусот на глобално ниво пред крајот на Олимписките игри, предупреди

На состанокот на Меѓународниот Олимписки комитет, Тедрос изјави дека „светот не успева“ да се справи со пандемијата и дека секој што мисли дека е готово, живее во „светот на будалите“.

Истовремено, Тедрос предупреди на закана од поопасен сој од актуелната Делта варијантата.

„Колку е пораспространет, толку повеќе варијанти ќе се појават, со потенцијал да станат уште поопасни од варијантата Делта, која прави толку многу штета во моментов. И колку повеќе варијанти има, толку е поголема можноста некои од нив да бидат отпорни и на вакцините,  и сите ќе се вратиме на почетокот, рече Тедрос.

Што се однесува до тоа кога ќе заврши пандемијата на корона вирусот, првиот човек на СЗО, кусо одговара:

„Пандемијата ќе заврши кога светот ќе избере да и стави крај. Се е во наши раце.Ги имаме сите потребни алатки. Можеме да ја спречиме оваа болест, можеме да ја тестираме и да ја лекуваме.

Смета дека е „застрашувачка неправда“, дека дури 75% од од дозите вакцини на глобално ниво се присутни само во 10 земји.

-Светот треба да произведе 11 милијарди дози следната година и СЗО апелира владите да помогнат да се постигне целта за вакцинирање на 70% од луѓето во секоја земја до средината на следната година, истакна Тедрос.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *