Дефектите во водоводната мрежа и дождот ја поплавија Битола

Според фотографиите и видеата кои се појавија на социјалните мрежи, како и на порталот на ТВ Тера, горниот дел на градот е под вода и кал. Жителите се самоорганизираат и се трудат да ја пренасочат водата да не влезе во визбите и да ги поплави. Се споменуваат два дефекти – дефект на водоводната мрежа F150 на улица Прогрес. Од ЈП „Водовод“ известуваат дека заради овој дефект без водоснабдување се селото Поешево и улица Индустриска. Дефект има и на водоводнара мрежа F80 на улицата „Климент Охриски“.  Без водоснабдување се зградите позади Градската библиотека.  

Од „Водовод“ велат дека алармантна е состојбата кај пумпната станица која се наоѓа во населбата Довлеџик. И додаваат дека потпорниот ѕид навреме бил изграден, за да спречи поплавување на реонот. Сепак, голем дел од градот е под вода.

Врнежите од дожд го зголемија нивото на водата во реката Драгор.

Од УХМР предупредуваат на крајно претпазливо и внимателно движење (по можност да се избегнува) покрај реките и суводолиците низ земјава поради опасност од нивно излевање. Ова најмногу се однесува на водотеците во западниот дел од земјата каде врнежите ќе бидат пообилни и има опасност од нивно излевање, но и на тие од источните делови каде се очекуваат високи вредности на водостоите.

Извор: ТВ Тера и фотографии од приватни ФБ профили

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *