Бурата направи хаос во Мадрид: Димитриевски и соиграчите се симнаа од автобусот и туркаа автомобили (Видео)

Бурата наречена „Филомена“ направи вистински хаос во Шпанија, но од доцна синоќа, градот Мадрид е означен како црвена зона со оглед на обилните снежни покривки и им се препорача на сите граѓани да не излегуваат од дома со своите превозни средства со оглед на тоа што владее вистинско лудило на улиците.

Поради незапаметениот застој во целокупниот сообраќај во шпанската престолнина, Атлетик Билбао не пристигна во Мадрид во пресрет на денешниот меч со Атлетико, но во снегот на автопатот заглавија и фудбалерите на Рајо Валјекано и целиот стручен штаб.

Фудбалерите од сите клубови се бесни што водечките луѓе во Шпанија им наредија да патуваат во петок навечер и покрај ужасните услови, а дека оваа одлука беше бесмислена најдобро говори тоа што играчите на Атлетик се вратија во своите домови во Билбао, а оние на Рајо Валјекано назад во Мадрид и го одложија заминувањето за Бургос каде треба да играат со Мирандес.

Играчите на Рајо Валјекано заглавија на автопатот како и многу други жители од Шпанија, па клупскиот Твитер профил сподели видео и откри дека Столе Димитриевски и останатите играчи се симнале од автобусот за да им помогнат на автомобилите кои не можеле да мрднат во снегот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *