Твитер трајно ја „затвори“ сметката на Трамп

Твитер го суспендираше американскиот претседател Доналд Трамп од неговата платформа, објави компанијата во петокот вечерта.Откако внимателно ги прегледавме неодамнешните твитови од сметката @realDonaldTrump и контекстот во кој се напишани, трајно ја суспендиравме сметката поради ризик од понатамошни повици за насилство – наведува Твитер, пренесува CNN.
Во контекст на страшните настани од оваа недела, во четвртокот јасно ставивме до знаење дека дополнителното кршење на нашите правила ќе резултира со токму таков исход – наведува компанијата.
Да потсетиме, Твитер профилот на Трамп најпрво беше суспендиран на 12 часа поради контроверзни твитови, а Фејсбук исто така го блокираше.