Сликарот Живко Поповски Цветин во посета на Битолската клиничка болница – донираше цвеќиња на бебињата родени на Божиќ

По повод божиќните празници, македонскиот сликар и хуманист Живко Поповски Цветин, им подари Мироносни цвеќиња на сите новороденчиња во државата кои доаѓаат како цвет на овој свет на Божиќ, 7 јануари 2021 година. Ова година, 150 негови дела се подарени на новороденчиња во болниците во Скопје, Битола, Гевгелија, Куманово, Велес, Штип, Струмица, Гостивар и Кичево.

Тој денеска ја посети и Битолската клиничка болница и истакна дека, раѓањето на Исус, симболично е преку раѓањето на дечињата за време на овој празник, кои носат радост и љубов на луѓето.


2020 година беше тешка година за сите, но доколку останеме совесни и одговорни, можеме да си помогнеме и да се надеваме дека ќе имаме поубава 2021 година.
Одделението за гинекологија, акушерство и неонатологија во овие тешки времиња е гарант за квалитетна нега и сместување на мајките и новороденчињата. Довербата на нашите пациенти секојдневно се потврдува и зголемува. Доказ за тоа е и се поголемиот број на пациенти кои доаѓаат на ова одделение.
И покрај пандемијата предизвикана од Ковид 19 вирусот, 2020 година ова одделение при Клиничката болница – Битола реализира:

  • 682 породувања
  • 477 операции
  • 304 хируршки интервнеции
  • 5800 прегледи
    Овие бројќи говорат за квалитетна и одговорна работа на тимот на одделнието, но и соработката и тимската работа со:
  • Службата за неонатологија која дава вистинска грижа за новороденчињата
  • САРИЛ – витално важниот дел во болницата, вклучен со целиот персонал, анестезиолози и медицински техничари-анестетичари
  • Лабораторија – која ги нуди комплетните лабораториски и дијагностички резултати на современа апаратура, обработени од страна на стручниот и специјализираниот кадар
  • Службата за трансфузионална медицина и
  • Службата за кирургија и урологија

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *