Осум спортисти ќе ја претставуваат Македонија на ЛОИ во Токио

Македонскиот олимписки комитет денеска го заокружи списокот на спортисти кои ќе ја претставуваат земјата на Олимписките игри во Токио.

Македонија ќе биде претставувана од осум спортисти, а најзастапено е пливањето со двајца претставници.

Во женска конкуренција ќе не претставува 15-годишната Миа Блажевска Еминова, додека Филип Деркоски ќе биде наш претставник на машкиот пливачки турнир.

Борјан Бранковски ќе настапи во стрелаштво и тоа во дисциплината 10 метри воздушен пиштол, Дејан Георгиевски е наш претставник во таеквондо, а Пулексенија Јованоска во карате-кати.

Абреша Реџепи ќе настапи во џудо, Нуров Магомедгаджи во борење слободен стил, а Јован Стојоски ќе биде македонски претставник во квалификациите за атлетската трка на 400 метри.

Од нашите олимпијци, први ќе настапат Деркоски и Бранковски на 24. јули, а последен ќе се појави борачот Магомедгаджи и тоа на 6. август.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *