Четворица убиени, педесетина уапсени по упадот во Когресот на САД

Четири лица беа убиени, а 52 беа уапсени откако приврзаниците на претседателот Доналд Трамп вчера упаднаа во зградата на Капитол, во обид да спречат Конгресот да ја потврди победата на Џо Бајден на претседателските избори, рече началникот на полицијата во Вашингтон.

Досега е потврден идентитетот на само една жртва: воената ветеранка Ешли Бабит од Сан Диего била застрелана од полицаец кога со група луѓе се обидела да упадне во Претставничкиот дом. Полицијата кажа дека се убиени уште една жена и двајца мажи.

Шефот на градската полиција Роберт Конти на прес-конференција рече дека 47 од 52 уапсени се поврзани со кршење на полицискиот час, што беше воведено во 18 часот, а 26 лица биле уапсени на теренот на Капитол Хил, каде се наоѓа американскиот Конгрес, пренесува Ројтерс.

Останатите се уапсени под обвинение за носење огнено оружје без дозвола. Конти рече дека биле пронајдени две бомби… како и возило во близина на Капитол, во кој имало молотови коктели.

Во немирите беа повредени 14 полицајци, од кои двајца беа хоспитализирани.

Членовите на Сенатот и на Претставничкиот дом, кои беа евакуирани откако толпата упадна во Конгресот, ја продолжија заедничката седница неколку часа по расчистувањето на ситуацијата и досега се одбиени сите приговори на изборните резултати поднесени од Републиканците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *