„Пунто“ излета од пат во Битола, тешко повреден возачот

На 05.01.2021 во 20.55 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Пресил-с.Бучин, крушевско,  патничко возило „фиат пунто” со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.Р.(28) од Битола, излетало од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Битола. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Крушево.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *