Барселона патуваше со автобус за Хуеска за да заштеди – 30.000 евра!

Фудбалерите на Барселона во неделата победија против Хуеска со 1-0 во мечот од 17. коло во шпанскиот шампионат. Меѓутоа, тоа што привлече внимание е фактот дека фудбалерите на Барселона на гостувањето во Хуеска патуваа со автобус, иако вообичаено тоа во минатото го правеше со авион. Хуеска е одалечена околу 270 километри од Барселона, а јасно е дека летот со авион ќе траеше многу пократко за разлика од патот со автобус.

Шпанските медиуми објавија дека клубот се решил на таков потег за да се заштедат дополнителни пари во случајот, Барселона заштедила 30.000 евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *