Нинослав Јовановиќ, познат како Малчански бербер осуден е на доживотна казна затвор (Видео)

Нинослав Јовановиќ, познат како Малчански бербер, осуден е на доживотна казна затвор поради грабнување и злоставување на 12-годишно девојче.

Нинослав Јовановиќ е осуден на 11 години затвор за киднапирање на 12-годишно девојче, додека за силување во продолжено траење е осуден на доживотен затовр, па како единствена казна му е изречена токму доживотен затвор. Малчанскиот бербер прекарот го доби поради својата свирепа потреба жртвите да ги шиша пред да ги силува. Повеќе од 20 години од својот живот ги поминал зад решетки, а секојпат кога ќе излезе на слобода, го повторувал кривичното дело.

Јовановиќ, повеќекратен силувач, девојчето кое тогаш имало 12 години го грабнал на 12 декември 2019 година во Брзи Број во 7.25 часот, пресретнувајќи го на пат до училиште. Овој манијак на измама го навел детето да влезе во неговиот автомобил „фиат пунто“, кое претходната вечер го украл во Малча. Тој на девојчето му рекол дека е новиот електричар кој работи во нејзиното училиште и го замолил да му го покаже патот. Девојчето влегло во возилото и почна повеќедневната драма како што не е видена во Србија. Кога девојчето сфатило дека не одат кон училиштето, Јовановиќ го заплашил девојчето и ѝ се заканил дека ќе и ги убие родителите. До тој момент никој во Србија не знаел дека девојчето е киднапирано.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *