Македонските ракометари се собраа во рамките на неделата на ЕХФ

Македонската ракометна репрезентација, денеска го имаше првото собирање во рамките на неделата на ЕХФ и селекторот Данило Брестовац, во следните седум дена ќе има можност да експериментира со млади ракометари, во пресрет на дуелите со репрезентацијата на Чиле. Македонија е прва замена за Светското првенство во Египет, кое започнува за 10 дена, во случај некоја репрезентација да го откаже учеството.

„Формираме база на ракометари, затоа сакам да им дадам можности на многу млади ракометари да ја покажат својата форма и да обезбедат место во македонската репрезентација. Ова е нашата цел, секој да има шанса да се докаже и мислам дека со оваа систематизација ќе одиме во позитивна насока“, рече меѓу другото Брестовац.

На првото собирање за 2021 година, недостасуваа добро познатите имиња како Георгиевски, Маркоски, Манасков и Стоилов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *