Совети од Вашиот Физиотерапевт – МАСАЖА НА БЕБЕ

Масажата е еден од најстарите терапевтски методи кои се применува за здрав развој на детето.

Помага за добра дигестија, намалување на плачот, подобрување на сонот го стимулира метаболизмот и го зајакнува имунитетот на бебето.

При апликација на масажата треба да се користи масло за бебиња, Бекутан.

Масажата треба да се аплицира 15 минути во текот на денот со благи релаксирачки движења на горните и долните екстремитети, грбот вратот и стомакот.

Масажата е многу корисна за бебињата до една година, затоа што допирот и мирисот е нивниот начин на комуникација со околината.
После масажата подгответе добра купка за вашето бебе за да може бебето уште подобро да се опушти.
Масажата освен на бебињата, позитивно влијае и на родителите.
Тоа го зголемува чуството на сигурност и ја зајакнува нивната самодоверба која резултира со одличен и квалитетен однос помеѓу родителот и бебето.

Физиотерапевт: Илија Жежов

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *