Трагедија во БиХ, во викендица 8 тинејџери се задушиле од плин

Осум тинејџери се задушија со плин за новогодишната ноќ во БиХ, во близина на градот Посушје.

Локалните медиуми објавија дека, според неофицијалните информации, во викендица биле пронајдени тела на осум тинејџери, а станува збор за средношколци и студенти. Младите луѓе најверојатно се задушиле со плин од агрегат кој ја снабдувал куќата со електрична енергија.

Весникот „Дневни Аваз“ пишува дека трагедијата се случила во викендица во Паркот на природата Блидиње. Неофицијално, осумтемина починати се четири момчиња и четири девојки од 18 до 19 години.

Советот на министри на БиХ донесе одлука 2 јануари да биде прогласен за Ден на жалост поради трагедијата во општина Посушје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *