„Танец“ се збогуваше со Џорлев: Прерано ни замина

Македонската јавност денеска е во шок по веста дека почина најдобриот македонски виолинист Зоран Џорлев, како последица на корона вирусот.

Од Ансамблот за танци и песни „Танец“ преку социјалните мрежи се збогуваа со нивниот некогашен директор Џорлев.

„Со неизмерна тага ја примивме веста дека денеска, на неполни 54 години, прерано замина познатиот виолинист, музички педагог, поранешен член на оркестарот на Македонската опера и балет, телевизиски шоумен и поранешен директор на НУ „Танец“, Зоран Џорлев“, објави „Танец“.

Фокус.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *