94-годишен Италијанец ја повикал полицијата на Божиќ затоа што бил осамен!

Еден 94-годишен Италијанец ја повикал полицијата на Божиќ затоа што бил осамен.

Фиоренцо Сфераца живее во Вергато, во близина на Болоња, и на Божиќ се јавил во полиција за да побара некој да дојде во неговиот дом и да наздрави со него затоа што не сакал да биде сам.

Според италијанските медиуми, тој рекол: „Сам сум дома. Ништо не ми е, само сакам да наздравам со некого на Божиќ. Ако има слободен полицаец, може ли да дојде на 10 минути затоа што сум сам?“

Карабиниерите отишле во неговиот дом, каде што дедото ги чекал и им кажал анегдоти од неговиот долг и интересен живот. Полицајците разговарале со него, наздравиле и му организирале видеоповик со некои негови роднини.

Следниот ден тие повторно го посетиле и му дале фотографија од нив заедно. Дедото рекол дека бил трогнат од однесувањето на полицајците.

Извор и насловна фотографија: Euro Weekly News/факултети.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *