Илиевски: Изненаден сум од спортската приказна од овој град, целта ни беше да направеме една успешна приказна од КК Пелистер (Видео)

Кошаркарскиот Клуб Пелистер есенскиот дел од сезоната го заврши на првото место и во 2021 година ќе влезе како единствена непоразена екипа во Првата кошаркарска лига. Во изјава за медиумите, тренерот на Пелистер, Марјан Илиевски вели дека резултатот си доаѓа со работата, а целта им била да се направи една успешна приказна поинаква од секоја претходна на КК Пелистер.

„Резултатот си доаѓа со работата. Мојот совет до секој кој работи со спорт во било која област да размислува секогаш да биде најдобар и да се стреми кон она што е успех. Јас кога започнав да преговарам со овој клуб, со Мери Ковачевска и спортскиот директорот Јовче Христовски, целта беше да направиме успешна приказна, си поставивме цел да биде поразлична од претходно, никогаш не разговаравме точно кое место ќе биде успех. Успех е да создадеме една целина, засега успешно чекориме и сето она што го имаме создадено како меѓусебно почитување, тука доаѓа управата, стручниот штаб и играчите засега функционира, сакам така да остане во иднина“, вели Илиевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *