ЕВРОПА НЕ НЕ САКА, ИЛИ…?

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – 99

Годинава (2020) што е на заминување ќе ја паметиме главно по две работи:

a) пандемијата со вирусот ковит19 и

б) големото разочарување од неостварените надежи за конечен почеток на преговорите за членство во Европската Унија. 

Пандемијата се покажа како глобална закана за здравјето на луѓето и речиси не остана ниту една точка на планетава каде таа не се прошири оставајќи насекаде страшни последици – милиони заболени и починати луѓе.     Но што да кажеме за нас самите овде, во Македонија: како ние се справувавме и се справуваме со проблемот? Па, би рекол, зависи кој – однесувањето на граѓаните е една работа, но потезите на владата се друга приказна.     За нас – обичните смртници, може да се констатира одсуство на колективна свест за димензиите на проблемот, /не/дисциплина и одсуство на одговорност и свест за мерките за /само/заштита!? Можеби токму за тоа и статистички – според бројот на населението и споредено со состојбите со пандемијата во други земји, скоро редовно бевме во светскиот врв по бројот на заболени и починати!    

Но потезите на здравствените институции и официози се друга приказна. Од неснаоѓање, до импровизации и задоцнети потези коишто едвај даваа некакви половични резултати. Да се разбереме: Македонија не памети вакво нешто како што е пандемијата со ковит 19! За здравствените власти таа не задеси како невидено изненадување, и не само нас, но затоа пак имаме платени институции и стручњаци кои се должни да ги следат работите и да алармираат доколку заканата се приближува или е веќе присустна меѓу нас, a ako не знаат – нека учат како тоа го прават другите, соседите на пример! Свежи се сеќавањата на збунетоста на министерот за здравство, на пример, за респираторите од Бразил: еднаш најави дека се преговара за нивна набавка, друг пат рече дека се веќе набавени, трет пат дека се на пат, но тие никогаш на стигнаа. А да не изумиме дека имаше различни изјави и околу ценита не фамозните бразилски респиратори (веројатно не можеа да се договорат во Владата за провизијата што планираа да ја накалемат на фамозните машини!?    

Но сега се соочуваме со уште посериозен проблем: вакцинацијата на населението! И додека во соседна Србија, Грција и Бугарија и во певеќето земји од ЕУ веќе почна вакцинацијата, кај нас таа се најавува дури за на пролет!!! А да го прашаш ресорниот министер за здравство: “Зошто дури на пролет и што се чекаше кога другите земји порачуваа вакцини за своите граѓани?”, тој спокојно ќе ви одговори (како што го подучуваат експертите од ПиАр агенцијата што ја ангажирал да се грижат за неговиот паблик-имиџ):  “Се е под контрола”! Tоа што секојдневно ни умираат десетици граѓани и стотици се заболени, за министерот за здравство е нормално и “под контрола”!?

Какви дилетанти раководат со нашите судбини и животи! Не го заслуживме ова, навистина не го заслуживме!!!2. Втората работа по што ќе ја паметиме од 2020 година е невидениот фијаско во настојувањата за почеток на преговорите за членство во Европската Унија! Повеќе пати најавуваната меѓувладина конференција, со којашто и формално би бил означен почетокот на преговорите за членство во ЕУ, не се случи и тоа заради блокадата од земја – сосед, што ни се претставува како нам “најблиска”, а нејзините граѓани – демек како наши “браќа” (Да се крстиш и да не веруваш)!? А тоа е Бугарија!!!     Тоа што го направи Бугарија (блокадата на македонија) воопшто не ме изненадува! Па тие веќе век и половина го живеат СанСтефанскиот сон за Бугарија од Црното до Јадранското море; загубија во толку многу војни и секогаш беа на погрешната страна на историјата надевајќи се дека ќе им се остварат тие соништа! Ќе беше изненадување доколку постапеа инаку бидејки како членка на ЕУ, во Бугарија почуствуваа дека сега се моќни да ги наметнат своите ставови!     Значи: од Бугарите не очекувам ништо добро ни во 2021! Кај нив генетски е вроден Македонскиот синдром и ќе треба многу, многу време за конечно да сватат дека Македонија ниту била, а ниту ќе биде нивна (осем Пиринскиот дел на Македонија, што го окупираа во Балканските војни).    Но најмногу иритира односот за Европската Унија која (иако Завршната декларација на Советот на министрите беше блокирана од две Членки – Словачка и Чешка) несомнено ја подржува позицијата на Бугарија и јасно ни дава на знаење дека нас не не сака како нејзина членка! Тоа е сосема очигледно! Впрочем, како да се објасни ланската блокада што ја стори францускиот претседател Макрон со инсистирање на “нова методологија” за прием на членки во ЕУ. Правилата се утврдуваат на почетокот на процесот и тие треба да важат за сите подеднакво, а не да се “прилагодуваат” според вољата  на помоќните (!) членки на ЕУ, зависно од нивните сојузништва, партнерства и слични блискости со некоја замја-кандидат за членство. Впрочем, лично сметам дека Франција минатата година буквално одработи пред се за Грција која не може да замисли дека постои народ што се нарекуваат Македонци и земја што се вика Македонија! А таа, Грција, посебно сега – после капитулацијата од Нивице, во византиски стил молчи и остава други (на пример франција, а и Бугарија) да одработуваат за неа!?     Колку за потсетување, една од првите изјави на сегашниот грчки Министер за надворешни работи Дендиас беше: “Ќе ги натераме скопјаните да се откажат од македонизмот во текот на преговорите за членство во ЕУ”!? Сепак, Грција ќе треба да почека во таа намера, овој пат заради Бугарското вето за почеток на преговори за членство со Македонија и   големата неизвесност за почетокот на преговорите за членство во ЕУ!     Мојот драг пријател Ото фон Хабзбург често пати знаеше на бројни меѓун ародни форуми да каже: “Неправда е што земјата која прва во Европа создаде држава во вистинска државнотворна смисла со сите инстутуции – со влада, парламент, платена војска (станува збор за Македонија на Филип II, забелешка М.Тр), се уште е во чекалната за прием во ЕУ”.
Блокадата од Словачка и Чешка на Завршната декларација на Советот на министрите на земјите членки на ЕУ ми дава надеж дека промена на ставот на ЕУ кон нас е можна и очигледна. Впрочем, ниту една земја-членка не го одобрува игнорантното однесувањето на

Бугарија кон нас!!!     Но споменатиот Ото фон Хабзбург знаеше исто така и да ми нагласи: “Мартине, Македонија треба да си најде земја-спонзор /во ЕУ, заб. М.Тр/ која ќе застане зад вас! Но потребно е да бидете единствени кога е во прашање членството во Унијата!”.

Дали овие заложби допираат до главите на владеачката коалиција и до опозицијата, не сум сигурен, но времето ќе покаже.    Пораката од песната на Тото Котуњо: “Oбедини се Европо” (Toto Cutugno: Unite, Unite Europe), што ја испеа во далечната 1983 година за нас Македонците останува тешко остварлив сон!3.  За на крај, еве една освежителна и утешителна вест што ни пристигна отаде Атлантикот.  Имено, директорот на турката програма за истражување во Вашингтонскиот Институт за политика на Блискиот исток  и експерт за односите САД-Турција Сонер Чагаптај понуди список на десет историски личности кои потекнуваат од географска Македонија:   

1. Aлександар Македонски;   

2. Клеопатра;   

3. Мустафа Кемал-Паша Ататурк;   

4. Мајка Тереза;   

5. Aристотел;

6. Јустинијан I;   

7. Св. Кирил Солунски;   

8. Св. Методиј Солунски   

9. Мохамед Али-Паша; 

10. Васил I

Најпознатите 10 историски личности кои потекнуваат од МакедонијаdimitarСонер Чагаптај, турско-американски политиколог кој живее во САД изготви список на, според него, најславни личнос…
                

СРЕЌНА НОВА 2021 ГОДИНА МАКЕДОНЦИ, КАДЕ И ДА СТЕ!

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *