ЈАНКУЛОВСКИ: НЕРЕАЛЕН, ПРЕДИМЕНЗИОНИРАН И ЛАЖЕН БУЏЕТ ЗА 2021-ВА ГОДИНА!

Прес конференција на Николче Јанкуловски , советник во советот на Општина Битола. Следи неговото излагање на прес конференцијата :

Од кога дојде ЖИВОТОТ ЗА СИТЕ, Битола не само што во 2019-та стана град лидер по негативен прираст на население, стана и град каде само во првите 10 месеци од 2020-та година бројот на невработени се зголеми за нови 2000 битолчани, а денес, за 2021-ва година се продолжува со лагите и се предлага НЕРЕАЛЕН и ПОЛН СО ЛАЖНИ ВЕТУВАЊА, БУЏЕТ од цели 35 милиони евра.
Зошто Наташа Петровска и нејзините советници иако знаат дека капацитетот за обезбедување на приходи на општината е до 25 мил евра, гласаат буџет од неверојатни 35 мил еур? Ги лажат битолчани, со тоа што во вештачки набилдани планови се вметнуваат што повеќе проекти, а потоа, заради фиктивните приходи кои само на хартија ги имаат, а најверојатно дека станува збор и за изборна година, не се бира ни начин ни средства што, како и каде се ветува, битно во план да влезат што е можно повеќе проекти, а дали ќе се реализираат тоа им е најмалку битно.
Или ветуваат проекти, највеќе во ставката други градежни објекти во износ, кој е за во рубриката Верувале или Не, од цели 681 мил. ден., а за пример 2019-та оваа ставка ја завршија со САМО 76 мил. ден.
Градоначалничката се чукаше во гради дека ќе обезбеди ЧИСТ ВОЗДУХ и чиста вода, а овие 3 години иако потроши околу 70 милиони евра народни пари, ништо суштинско не реализира! И во овој буџет, за среќа последен од оваа локална власт, ја нема Гасификацијата, го нема јавниот еколошки градски превоз, го нема ни планинарскиот дом Копанки, а исто нејзините советници ги одбија и барањата на опозицијата да добиеме информации од ЕЛЕМ зошто сеуште не се реконструираат електростатските филтри во РЕК Битола, и информација од Министерството за финансии, зошто од готов, стана комплициран проектот за Изградба на Пречистителната станица, која денес требаше да почне со работа. А И со овој буџет, нема да го изградат ни ветениот Мултифункционален спортски комплекс, нити нова зграда на противппожарната станица, ни нов сточен пазар, а ни надземен пешачки премин кон Боримечка.
Почитувани, со ваквото работење, односно неработење, единствено што сигурно во 2021-ва ќе се реализира е ПАДОТ на актуелната локална власт на чело со Наташа Петровска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *