Хендбол планет: Лазаров дел од најдобриот тим на деценијата!

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров е избран за најдобар десен бек во изборот на специјализираниот портал за ракомет – Хендбол планет.
Признанието има уште поголема вредност ако се земе в предвид дека Лзаров собра најмногу гласови од навивачите, но ии членовите на стручното жири составено од тренери, ракометни легенди и новинари од Европа.
Кире Лазаров доминантно стигна до признанието со дури 67% од гласовите, Ласло Наџ собра 23, а Алекс Дујшебаев 10%.
За најдобар ракометар изминатава деценија е избран францускиот репрезентативец, Никола Карабатиќ а во идеалниот тим место обезбедија Тери Омејер, Микел Хансен, Уве Генсхајмер, Лук Абало и Жулен Агинагалде и Виран Морос.