БИТОЛЧАНЕЦ НАЈБОГАТ ВО 2019, СТРУЖАНЕЦ СО НАЈГОЛЕМА ПЛАТА, НАЈМЛАДИОТ МИЛИОНЕР ИМА САМО ШЕСТ ГОДИНИ

Најмладиот милионер во земјава има само шест години, а најстариот 101 година, покажуваат податоците на Управата за јавни приходи. Во земјава Битолчанец e најбогатиот граѓанин , а на Стружанец му била исплатена највисока плата. Тој пријавил 1, 9 милиони евра годишен бруто доход, работел во индустријата со метали.

Скопјани доминираат на листата со највисок доход, сепак најбогат граѓанин е Битолчанецот со остварен годишен доход од 3,4 милиони евра.

„Во споредба со 2018 година кога највисокиот остварен доход беше една милијарда 056 милиони 992 илјади 055 денари има значајно намалување, така што прворангираниот во 2019 година кога би се нашол на листата од 2018 година би бил деветорангиран.“ – Сања Лукаревска Диретор на УЈП.

Највисоките плати биле исплатени во секторот здравство, фармација, образование и производство на горна облека. Највисокото лично примање по друг основ изнесува 786 илјади евра на годишно ниво за привремено извршени услуги кон градежна компанија.

Самостојното вршење на дејност е најпрофитабилно за скопјани во 10-те најдобро рангирани се адвокати, извршители и угостители. Бројките на УЈП покажуваат дека земјоделството е најисплатливо во Скопскиот регион.

Според податоците на УЈП, Скопјанка од лото обложување и наградни игри заработила речиси половина милион евра, а најбогатиот пензионер е од Штип со бруто пензија од околу 131 илјада евра.

Директорката на УЈП, кажа дека иако општите бројки се зголемени, сепак на индивидуално ниво износот на доход кај највисоко рангираните граѓани не ги достигнал износите на доход од 2018 година.

Во 2019 година шест граѓани оствариле доход над 100 милиони денари што претставува намалување во однос на 2018 година кога имало 31 таков граѓанин. Вкупно 426 граѓани оствариле доход од 10 до 100 милиони денари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *