МАТИЦА НА ИСЕЛЕНИЦИ ОД : МАКЕДОНИЈАМАКЕДОНЦИТЕ ОТФРЛААТ КОНЦЕПТ НА РЕФОРМИРАНО ОБРАЗОВАНИЕ БЕЗ ПРЕДМЕТОТ ИСТОРИЈА!

24 декември 2020 година, Скопје, Македонија – Матицата на иселеници од Македонија најостро го отфрла концептот на реформи во основното образование во најава од Министерството за образование, кое предвидува интеграција на наставата по историја, географија и граѓанско образование во една наставна единица во еден учебник по општествени науки!

Светот не почнува од било која влада, сите сме дел од историјата. Историјата мора да остане задолжителен предмет за сите ученици во основното и средното образование. Предметот историја и предметот општествени науки мора да се изучуваат во посебни предмети како и досега. Врз историјата се гради визијата за иднината. Народ без минато нема иднина. Македонија без историја не постои! А наука за минатото е историјата!

Матицата на иселеници од Македонија го споделува разочарувањето и револтот на Македонците по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината, за обидот за укинување на историјата преку интеграција со географијата и граѓанското образование во една наставна единица наречена општествени науки!

Не е прашањето дали наставниците по историја ќе останат на работа, прашање е дали Македонскиот народ ќе остане без историја во време кога Владата со Договорот со Грција и’ ја подари целата историјата на Македонија од антиката до денес, а со Договорот со Бугарија и’ ја подари целата историја на Македонија до 1944 година, во намерата: Македонија од држава да остане територија без народ и историја чии администратори ќе бидат Атина и Софија!

Македонската револуционерна организација (ВМРО) формирана во Солун во 1893 година и Светскиот Македонски Конгрес формиран во Женева во 1899 година, на Балканот и во Европа се бореле за суверена и самостојна држава Македонија на Македонскиот народ, тоа е дел од историјата на Македонија пред Балканските војни 1912-1913 година, со кои се врши окупација врз Македонија и геноцид врз Македонскиот народ што трае до денес! Македонија и Македонците имаат историја во континуитет од пред нашата ера до денес!

Матицата на иселеници од Македонија целосно го поддржува Институтот за историја на Филозофскиот факултет при Универзитетот “Свети Кирил и Методиј“, во соопштението дека концептот на министерката Мила Царовска за укинување на предметот историја и негово вклопување во друг предмет заедно со општествени науки е целосно погрешен, скандалозен, нетранспарентен и дилетантски, а тие што го спроведуваат ги смета за некомпетентни кои не ја познаваат материјата што сакаат да ја реформираат.

Матицата на иселеници од Македонија решително го отфрла понудениот “Концепт“ и бара од надлежното министерство и Владата да го повлечат и да ги прекинат сите активности во врска со предметот Историја!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *