Руската вакцина Спутник V одобрена во Аргентина

Рускиот фонд за директни инвестиции денес објави дека руската вакцина Спутник V, која се продава во странство од овој фонд, е официјално одобрена во Аргентина.

„Аргентина е прва латиноамериканска земја што официјално го одобри Спутник V. Вакцината е официјално одобрена за итна употреба, врз основа на резултатите од клиничките испитувања во фаза III, спроведени во Русија и без дополнително тестирање во Аргентина“, се вели во соопштението на Фондот, известува Ројтерс.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *