Леон Стефановски: „ Министерке, срамота е! “

Во последниот период има бројни напади до министерката за Образование и Наука, Мила Царовска заради нејзините идеи за промени во образованието како и вчерашниот пост во кој напиша „ Јазикот на Република Северна Македонија”.
На својот фејсбук профил се јави и Леон Стефановски.
„Министерке, Мила Царовска во вашиот текст, односно самиот тој е пример за еклатантно непознавање на комплексноста и суштината на проблемите и опструкциите коишто ни ги наметнуваат нашите „ добри соседи “. Прво и основно:
👉 „ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК “
👉 „ ЈАЗИКОТ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА “
Разликата помеѓу овие два поима или толкувања на македонскиот е огромна. Никој од државниот врв не смее да си дозволи вакви грешки. Тоа е исто како некој да каже:
👉 „ Народот коишто живее во Република Северна Македонија “
👉„ Северно Македонскиот народ “
Дали можете да ја согледате разликата?
Во текстот не гледам ама никаква пречка да се напише „ За примена на Македонскиот јазик “.
Но очигледно на вашата безрбетна политика ѝ нема крај…”
- Напиша на својот фејсбук профил Леон.