Вториот тим на Еурофарм Пелистер со резултат 27:26 го совлада Металург (Видео)

Битолчани дома успеаја да ја запрат серијата од седум победи во низа на тимот од „Автокоманда“ во Суперлигата. Вториот тим на Еурофарм Пелистер со резултат 27:26 го совлада Металург, иако скопските „сино-бели“ имаа предност по првото полувреме (13:14).

На табелата Металург е на второто место со 21 бод, колку што има и водечкиот Бутел, а третопласиран е Еурофарм Пелистер 2 со 18 бодови.

– Честитки и за Металург и за мојата екипа за фер и коректниот натпревар. Не е мала работа да се победи Металург, се работи за еден од водечките клубови во нашата земја. Имавме среќа, очигледно кај нив влиајеше изолацијата од десет дена. Во овие моменти мора да се снаоѓаме, да тренираме и да играме натпревари во условите кои ги имаме. Имавме лош старт и еден голем плус за моите ракометари е што веруваа дека може да победат. Цела недела се спремавме за овој натпревар и цело време потенцирав дека може да загубиме, но не смее да нè надиграат во борбеност – изјави по мечот тренерот на Еурофарм Пелистер 2, Александар Јовиќ.

Фото 24ракомет.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *