ТУТУНАРИТЕ НА НОЗЕ – не се плашиме од настинка и корона, туку од глад

Тутунарите вријат од незадоволство. Повторно протестираа вчера тутунари од цела држава. 

Инаку, нивно клучно барање е итно укинување на четвртата класа, која е најниска класа при проценката на квалитетот на тутунот. Според нив, таа ги предизвикува најголемиот дел од проблемите и ја урива нормалната цена на тутунот. Тие сметаат дека цената на тутунот треба да се движи од 180 до 190 денари за килограм.

Голем број производители на тутун од цела Пелагонија вчера го блокираа патниот паравец Прилеп-Скопје, кај месноста Заполшки мост. Нивното обвинување е дека откупувачите не го испочитувале договорот постигнат во петокот во Скопје. Најавија дек ќе продолжат со протестите се додека не започне, кко што велат, реална проценка на тутунот. За да не дојде до радикализација и ширење на Ковид 19 со ваквите протести бараат од државата веднаш да го реши овој нивни проблем, односно да не се случи состојбата да излезе од контрола.

„Да дадат под итно гаранции за тоа што го бараме, да гарантираат откупувачите кон државата, оти ова ќе прерасне во анархија, во ширење на ковид кластери, луѓево немаат каде. Нема да се повлечат, верувајте ќе одат само напред и напред“, изјавил еден од тутунарите.

Друг, пак, вели дека на овие луѓе им е сеедно дали ќе умрат од настинка, корона или глад. „Ако треба до идната нова година ќе блокираме, ќе ја блокираме цела држава. Има светот да се чуди со блокади се додека не го постигнеме она што го бараме, а тоа е достоинствен живот, услови за достоинствен живот за сите овие луѓе што овде ги гледате“, вели друг тутунар. 

Протести на тутунарите вчера имаше и во струмичкиот регион. Тие се исто така незадоволни од откупните цени на тутунот. Власта, односно министерот за земјоделство Аријан Хоџа, ќе ја следи состојбата, а потоа во петок ќе направи пресек во однос на откупот на тутунот.

https://faktor.mk/tutunarite-na-noze—ne-se-plashime-od-nastinka-i-korona-tuku-od-glad

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *