БУГАРИТE БЛИСКИ КОЛКУ И БАНТУ ЦРНЦИТЕ OД НАМИБИЈА

 ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СРЕЛИЧКИ – 97

. Да прашам: Дали некому му значи нешто името, или дали воопшто некој чул за лицето Наим Сулејманоглу? Искрено, не верувам! Па да ви објаснам: Наим Сулејманоглу е симбол или асоцијација на жртвите на фашизоидниот процес на бугаризација преку прекрстување и насилна христијанизација на милионското турско население во Бугарија од тамошниот тоталитарен Тодор Живковистички режим во 1980тите години од минатиот век!

Наим Сулејманоглу стана вистинска меѓународна ѕвезда кога на еден меѓународен турнир во кревање тегови што се одржуваше во Сиднеј, Австралија, успеа да пребега од бугарскиот тим и побара политички азил во Генералниот конзулат на Република Турција во Сиднеј! Тоа веднаш му беше гарантирано и Наим официјално стана граѓанин на Турција. (Како репрезентативец на Турција подоцна на негвата нова татковина и донесе еден куп светски и олимписки медали!)

Но, за целосно информирање на читателите на оваа рубрика, нашиот јунак на турнирот во Сиднеј настапуваше како Наум Сулејманов, а не како Наим Сулејманоглу, бидејки и самиот беше жртва на споменатиот процес на преименување и насилна христијанизација и асимилација на милионското турско население во источна Бугарија. Ете тоа е еден детал од комунистичкото минато што Бојко-Борисова Бугарија им го донесе како мираз на Европјаните (ЕУ), а таа (Бугарија), патем, се покажа по којзнае кој пат и како кочница на напредокот на Република Македонија во евроинтеграциите.

А кога веќе го споменавме Бојко Борисов, кој сега рамноправно седи на тркалезната маса со останатите лидери на земјите членки на ЕУ, да констатираме само неколку податоци за оваа личност. Бојко Борисов не е политичар, туку обичен долгогодишен бодигард (личен обезбедувач) на диктаторот Тодор Живков чиј воспитаник е, а резултатите од тоа негово расистичко воспитување кон други – небугари, и тоа како ги чувствуваме ние Македонците, а и Македонците во Бугарија (во Пиринска Македонија), на сопствената кожа. САД, лидерите на членките на ЕУ) го оптужуваат Б. Борисов за корупција, а повеќемесечните протести на бугарските граѓани низ улиците на Софија и повеќе градови ширум Бугарија, беа токму заради неговата коруптивност! Некои тамошни медиуми му припишуваат на Борисов дека, наводно, “тежи” 3,8 милијарди долари (јас тоа не го тврдам, но само соопштувам што други кажуваат за него), а неговата ќерка која студира во Калифорнија, вози Бугати-Вејрон што чини неколку милиони долари или евра, сеедно.

Пред некој месец светот ја виде крупната персона на Бојко Борисов како разголен, спокојно дреме во некоја спална (очигледно после една партија секс), а до него на наткасната се гледа куп банкноти од по 500 евра и пиштол. Фотографијата ја снимила извесна кокона од Пловдвив која имала во спалната многу блиска средба со Бојко Борисов! Но по резилот што го направи таа со објавувањето на инкриминирачката фотографија, несреќната професионалка после неколку недели ја најдоа мртва, со скршен врат, пред вратата од еден туристички апартман на грчки остров. Кутрата, белким не се лизнала на банана, што мислите!?

Дали и ваква работа (убиство) може да му се припише на актуелниот премиер на источниот сосед – не знам и не сакам да се впуштам во такви афери, но неспорно е дека подземните (тајните) служби се способни за такви нешта, особено ако тоа е по желба (нарачка), на премиер!? /Такви примери имавме и во сопствената земја кога една млада жена од службата за прислушкување во МВР ја најдоа почината на падините на Водно, според званичното сопштение “самоубиена” и тоа со два истрели со службениот пиштол во главата (Па еден истрел во главата е доволен, зарем не!?)/

Ете тоа се реалностите што Борисов ни ги испречи на нашиот пат за членство во ЕУ и жртвите што ги даде и во континуитет ги дава Република Македонија за да ја постигне таа цел! Проблемот е што ЕУ е крајно лицемерна на вакви појави и на нив гледа низ прсти, а и немаат механизми ни воља да ги санкционираат!!!.

Очигледно е дека ЕУ има диво месо во својот организам (Бугарија), а тоа се решава или со ударна терапија, или хируршки рез! Во спротивно, европските вредности и критериуми постануваат обична фарса!

Патем, да не пропуштам да потсетам: Се сеќавате на периодот кога пред некоја година бугарската УДБА расчистуваше со Мултигруп и слични мафијашки структури кои преку ноќ станаа големи бизнисмени со парите што бугарската комунистичка партија си ги присвои во периодот на транзицијата!? Некои од тие големи бизнисмени се осилија до тој степен, што започна вистинска војна со службите на државата по софиските улици. Директорот на Мултигруп Павлов, беше егзекутиран со снајпер на само неколку чекори од влезот во неговата (!) приватна банка, а таа година во Бугарија беа егзекутирани над 120 бугарски бизнисмени!

Ете и тоа е дел од политичкиот мираз и “европски вреднопсти” што Бугарија ги внесе во ЕУ, а истата таа Бугарија и нејзината метреса ЕУ нам ни ги спорат постигнатите дестрели и не уценуваат до уништување, за да се смилувале и да дозволеле почеток на преговори за членство!

Не реформи господо во Брисел, на ЕУ и треба целосен ремонт.

2. Безнадежниот (и според потезите што ги влече неизмерно и долгорочно штетниот) Зоран Заев – незнаејки како да постапи по блокадата што му ја приредија неговиот “брат” (мој секако не е) Бојко Борисов, се одлучи да праќа емисари во Софија – и тоа не било кој, туку на ниво на двајца македонски екс-премиери, залажувајки се дека ќе ги импресионира бугарските соговорници за да ги омекнат нивните блокади кон Македонија!? Заев изгледа живее во некој свој имагинарен свет и не сваќа дека обајцата емисари немаат ни грам специфична тежина, особено не во очите на бугарските соговорници за да бидат сфатени сериозно од официјална Софија! Првиот емисар важи за голем инвеститор во недвижности во Бугарија, патем поседува и Бугарски пасош, а вториот е о с у д е н за тежок криминал во РМ како поранешен министер за одбрана иако, според тврдењето на еден поранешен амбасадор на земја членка во НАТО, додека премиерствувал, тој, наводно, станал побогат за дури 82 (осумдесет и два) милиони евра со тогашните приватизации на државниот имот!?

И што мислите? Како бугарските соговорници реагирале на средбите со овие емисари и какви се ефектите (ако воопшто ги има), од двете мисии на високите претставници во името на актуелната македонска влада? Тврдам: никакви, освем што излишно се направени непотребни трошоци!!!

Така е, кога дилетанти кои ја узурпираа власта во татковината, со вакви емисари не резилат по белиот свет!!!

3. Сегашната бугарска номенклатура на власт (Борисов, Каракачанов, Захариева, но и други нивни академици и интелектуалкци) не оптужуваат за “говор на омраза” кон Бугарија и Бугарите? А дали доточните некогаш се запрашале: ако е така – зошто е така? Па што очекуваат тие: после силниот отров што континуирано го истураат кон нас Македонците, гореспоменатите, после патолошката омраза што доаѓа од нивните европратеници, после анималната расистичка игноранција на сеуште присутните и активни експоненти на режимот на Тодор Живков и сулудите цел век и половина континуирани соништа за “Санстефанска”, или “Голема” Бугарија!? Зарем некој тамо на истокот очекува ние да ги сакаме и почитуваме???

Морам да им порачам: Или сте во заблуда и сеуште во некој средновековен занес, или пак сте заслепени од истите нешта, та не ја согледувате реалноста!

Мене лично, на пример, Бугарите ми се бликси колку и Банту црнците од Намибија или домородците од Амазонија и тоа токму поради причините што погоре ги наведов, што доаѓаат од истичниот сосед.

Нека повели Заев да ме апси и санкционира ако ова што го наведов е “говор на омраза” кон Бугарите, но едноставно – заради нивното однесување -така се чувствувам кон нив и не можам поинаку!!!

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешем министер и амбасадор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *