Леон Стефановски: На кој до што му е дојдено!

Само неколку минути по затворањето на гласачките места на локалните избори во Штип, почнаа да пристигнуваат честитки за новиот градоначалник, кандидат на СДСМ, д-р Сашко Николов.Генералниот секретар на партијата, Љупчо Николовски му ја честиташе победата на Николов.,,Победа во Штип“, објави на социјалните мрежи Николовски.
Според СДСМ, постигнат е потребниот цензус во првиот круг гласање за градончалник на Штип. Излезени се над 14.000 гласачи или 34, 05 насто од потребниот цензус.
Требаше да излезат половина од запишаните гласачи или 13.996. Со исполнување на законскиот цензус, јасно е дека победата ја однесе кандидатот на СДСМ, бидејќи ВМРО ДПМНЕ ги бојкотираше изборите и немаше свој кандидат.
Сите други кандидати имаат мал бррој на освоени гласови.

Тие ја прославија победата на прес конференција а за тоа коментар имаше Леон Стефановски и на својот фејсбук профил напиша:

„Рецесија, вето, енормно задолжување, катастрофална состојба во здравството, значи криза и неизвесност во секој поглед за народот и иднината на државата а тие играат оро или се веселат притоа одржувајќи ја потребната дистанца од 2 метри. На кој до што му е дојдено…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *