Комисијата за заразни болести ќе дискутира: Какво ќе биде работното време на угостителските објекти за време на новогодишните празници?

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека во некој од следните состаноци Комисијата за заразни болести ќе дискутира за тоа какво ќе биде работното време на угостителските објекти за време на празниците.

Сакам да упатам една порака до граѓаните, дека ова е еден голем ризик. Собирите за време на новогодишните празници се огромен ризик да се појават мини кластери кои дополнително ќе го оптеретат здравствениот систем. Ние предложивме да има дополнителни мерки и на некој од следните состаноци на Комисијата за заразни болести ќе дискутираме за работно време на угостителските објекти“, вели Филипче.

Министерот Филипче исто така напомена дека мерките како карантин или полициски час нема да бидат на сила за време на празниците со оглед на тоа што донесените мерки веќе функционираат добро и дека се намалува факторот на преносливност на бројот на пациетни во болниците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *