ПРВА ПОСЕТА НА НОВИОТ ФРАНЦУСКИ АМБАСАДОР БОМГАРТНЕР НА БИТОЛА

Во прва работна посета на Општина Битола, денеска присуствуваше новиот амбасадор на Република Франција во земјава, неговата екселенција Сирил Бомгартнер, во придружба на почесниот конзул на Република Франција во Битола, Калиопа Кривашија Стилиновиќ.

На средбата, градоначалничката Наташа Петровска го запозна амбасадорот за долгогодишната врска на Битола како конзулски град со Франција, за традицијата, културата и вредностите кои што ден денес се на многу високо ниво. Го имаме во градот почесниот конзулат, Француската алијанса и одличната соработка со Амбасадата на Република Франција, рече Петровска.

Амбасадорот Сирил Бомгартнер ја истакна неговата отвореност кон Битола за натамошни чекори во тесна соработка со општината и посочи дека амбасадата и натаму ќе продолжи со поддршка за сите настани во областа на културата кои се случуваат во градот. Од своја страна, тој исто така понуди целосна поддршка за развивање на туризмот во сите сегменти од историски аспект, особено за периодот од Првата светска војна.

Ова е прва работна средба на амбасадорот во некој друг град, надвор од Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *