Почна обуката на наставници за сексуално образование

Сеопфатно сексуално образование од следната учебна година ќе биде дел од образовниот процес. Целта е младите да бидат соодветно образувани и информирани, што ќе значи унапредување на родовата рамноправност, но и превенција од сексуално вознемирување и насилство.

“Во наставните програми до сега не се зборувало ниту за емоции, ниту за лично прифаќање, ниту за насилство, ниту за градење на релации и емоции со семејството, надвор од семејството, со врсниците и со опкружувањето со кое што живееме. Токму ова се теми што треба да влезат во новата курикула”, вели Мила Царовска, министерка за образование и наука.

“Во последните 10-11 години патот не беше толку едноставен. Не постоеше доволно политичка волја, имавме доста опструкции од страна на училиштата, од различни други институции. Меѓутоа, денес, малку работите се сменети”, ХЕРА.

Од денеска започна обука на наставници од четири училишта кои ќе бидат дел од пилот програмата за сеопфатно сексуално образование. Програмата ќе се реализира со учениците од деветто одделение, но не како засебен предмет, туку темите ќе се интегрираат во рамки на другите наставни предмети.

“Да постигнеме да се грижиме за исполнување на стандардите од аспект на социјален и емоционален развој на децата, а исто така да овозможиме да имаме средина, односно да ги исполниме целите на основното образование, а тоа е да се грижиме за целокупниот развој на нашите деца”.

Истражувањата покажуваат дека државите каде сексуалното е дел од формалното образование имаат помала стапка на малолетничка бременост, младите повеќе се грижат за своето здравје и многу повеќе препознаваат и пријавуваат секаков вид на насилство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *