Зошто е важно редовно да се мери крвниот притисок!

Самоконтролата на здравствена состојба не само кај лекар, туку и дома игра најзначајна улога во превенција на покачениот притисок.

Покачениот крвен притисок или хипертензијата е еден од главните причинители за смртност во светот и е во првите пет причини за смртност во земјава. Познат е како тивок убиец, оти во поголемиот број случаи со години не предизвикува никакви тегоби, а притоа ги оштетува виталните орагни и нивната функција.

  • Контролата на притисокот се смета за клучен фактор во превенција на кардиоваскуларните болести.

Хипертензијата или високиот крвен притисок и нерегулираниот срцев ритам (атријална фибрилација) – два најважни ризик фактори за добивање мозочен удар, важно е да се откријат навреме, што може да се направи со редовно мерење на крвниот притисок и срцевиот пулс.

Истражувањата покажуваат дека кај голем број пациенти покачениот притисок е недоволно контролиран, а неговата контрола претставува значаен проблем кај матичните лекари. Од тие причини, мерењето на притисокот дома е клучен во заштитата и навременото откривање на срцевите болести. Лекарите велат дека е добро во секој дом да има барем еден апарат за притисок кој може да му користи на целото семејство.

Мерењето на крвниот притисок дома е клучна метода во превенција на кардиоваскуларните болести. Најважната предност од мерењето на притисокот дома е можноста за повеќекратни мерења и добивање на средна вредност на притисокот во одредено време, што ја зголемува веродостојноста на измерените вредности и овозможува подобра проценка на ризикот.

Мерењето притисок дома има свои предности во однос на мерењето во лекарска ординација, оти го нема синдромот на “бел мантил“. Чест случај е кај некои лица при преглед во докторската ординација да се измери покачен крвен притисок предизивикан од нервоза и возбуда, а повеќето претходни мерења дома да покажуваат нормален притисок.

Веројатно кај овие лица, притисокот е покачен и при вознемирување, на работа, расправија, а такви состојби во денешно време има многу.

Многумина погрешно веруваат дека притисокот треба да го контролираат исклучиво повозрасните. Но, притисокот е потребно да се контролира и во помлада возраст, а тоа особено се однесува на лица кои имаат проблеми со вишок телесна тежина и се во ризична група за висок крвен притисок и опасност од мозочен и срцев удар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *