ПМФЛ: Силекс победи „Под Тумбе Кафе“ феноменална партија на битолчанецот Мустафов!

ПЕЛИСТЕР – СИЛЕКС (0-2) 1-2

На самиот старт на натпреварот, Силекс со ефектен гол на битолчанецот и екс играч на Пелистер, Бурхан Мустафов само што изминуваше првата минута од натпреварот постигна гол за водство на Силекс на асистенција на Тимовски додека топката не успеа да ја блокира Фазлиу за да биде матиран голманот на Пелистер, Талески. Јаловите иницијативи да дојдат до голот на Силекс од страна на Пелистер се ефектуираше со уште еден гол во мрежата на Пелистер и овој пат во главна улога за гостите беше Мустафов кога му ја одзеде топката на средината на теренот на Спиркоски и ја поведе контрата за својот тим и му асистираше на Ристов за убедливи 2-0 во 35-тата минута од мечот со кој резултат се отиде на одмор. Верните Чкембари и овој пат најдоа креативен начин да го проследат и бодрат својот миленик овој пат од тобоганот на Олимпискиот Стадион, со што по вториот примен гол реагираа кон тренерот на Пелистер, Зоран Штерјовски дека е доста и да си замине од клупата на нивниот миленик. Вториот дел донесе повторно конфузија во играта на домашниот табор но сепак преку капитенот Драгарски, Пелистер успеа да се израдува на гол и шанса од негатива да се надева на бод а и во краен случај на победа со пресврт. Тренерот на Пелистер, Штерјовски се обиде да смени тактика во тројната офанзивна измена во имињата на: Нето,Маневски и Бошковски дури и на крај за прв пат оваа сезона шанса доби и младинскиот репрезентативец на Албанија, Усни Исмаили на местото на Анес Хот кој мечот го почна од клупата, влезе во игра и пред крај излезе од игра. Како и да е Пелистер го очекува голема борба за опстанок со или без Штерјовски на клупата иако во првите три кола на првенството се чинеше дека битолскиот миленик високо ќе цели оваа сезона во ПМФЛ.

Видео Екипа.мк
видео екипа.мк
Мустафов по 60 секунди постигнува гол против својот својот екс клуб
Талески немоќен на голот по шутот на Мустафов

Фото Д.Петковски Видео Екипа.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *