Европска Лига: Битолски Пелистер немоќен против бундеслогашот Рајн Некар Ловен

Ракометарите на Рајн Некар Ловен славеа со убедливи 28:20 славеа против нашиот Еурофарм Пелистер во натпревар од ракометната Европска Лига.

Ова беше втор пораз за битолскиот тим во Европската Лига откако претходно загубија од ГОГ Гудме на гостувањето во Данска.

Пелистерци само кратко му парираа на фаворизираниот противник кој во втората половина од првото полувреме ја зеде играта во свои раце и без проблем го одигра останатиот дел од натпреварот.

Вајгел со седум погодоци беше најефикасен кај домашниот тим, а шест постигна Уве Генсхајмер. Кај нашиот претставник босанецот Периќ забележа пет погодоци, додека средбата со четири погодоци ја заврши Мараш.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *