Руската морнарица затекнала американски воен брод во своите води, го избркала

Воен брод од Русија затекнал американскиот разурнувач УСС Џон С. Мекејн во руските територијални води во Јапонското Море и го избркал, објави руското министерство за одбрана.

Москва објави дека рускиот разурнувач Адмирал Виноградов вербално го предупредил американскиот воен брод и му се заканил дека ќе примени сила за да го натера да ја напушти областа. Американскиот воен брод веднаш се вратил во неутрални води по предупредувањето, наведува руското министерство во соопштението.

Ваквите инциденти се реткост, но ги покажуваат лошите дипломатски и воени односи меѓу Русија и Соединетите Американски Држави кои се на најниско ниво од Студената војна.

Рускиот брод е во составот на Пацифичката флота и го следел американскиот разурнувач за кој Москва кажа дека ги повредил руските територијални води во 3:17 часот по Гринич навлегувајќи два километри од границата. Инцидентот се случил во Заливот на Петар Велики.

Москва додаде дека американскиот брод не се обидел повторно да вплови во руските води, но дека Адмирал Виноградов продолжил да го следи неговото движење и дека и друг воен брод, корвета, бил испратен во тој регион.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *