ЕУ најавува строга Euro 7 норма – доаѓа крајот за дизелoт и бензинот!

Автомобилската индустрија стравува дека автомобилите со мотори со внатрешно согорување ќе престанат да се произвдуваат во 2025 доколку ограничувањата на Европската унија за издувните гасови бидат престроги.

„Со воведување на планираниот стандард ЕУ-7, Комисијата на Европската унија де факто ќе ги забрани на автомобилите со мотори со внатрешно согорување од 2025 година“, вели лидерот на Германското здружение на автомобилската индустрија (ВДА), Хилдегард Милер.

За да се исполнат целите на договорот од Париз за заштита на климата, Европската унија сака да ги заостри граничните вредности на CO2, но и азот оксид и други издувни гасови.

Според студијата на Европската комисија, на чиј темел ќе се одредат граничните вредности на новите норми на емисијата за Еуро 7 уште ништо не е одлучено, но студијата сугерира дека граничните правила во некои случаи ќе бидат многу построгиод правилата за стандардот на емисијата на Еуро 6.

Европската унија се очекува да ги објави спецификациите на новиот стандард Еуро 7 до крајот на годината.

24ауто.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *